Празна фолклорна врева во отсуство на предлози и решенија

Во политичката арена со нејасно дефинирано изјаснување доминира ДУИ, чии претставници и кандидати се наметнуваат како главни производители на етноцентрични теми. Затоа се стекнува впечаток дека кај албанската опозиција како да недостига реална конкретна понуда за локални потреби или, пак, таа е невидлива за просечниот гласач, додека е во сенка на други теми. Главни теми на ДУИ се ризикот од Србија, односно од таканаречениот „српски свет“, кој упорно го повторуваат во секоја пригода, дополнети со тврдењата дека сегашната влада е моноетнична и антиалбанска и ги влошува меѓуетничките односи?! ДУИ, во сопствената реалност, и инцидентите со навивачи ги толкува во обид да прикаже влошени меѓуетнички односи и тензии, како последица на политиките на Владата. А, всушност, реториката на ДУИ и на албанската опозиција е таа што најмногу придонесува за напнати меѓуетнички односи

Кампањата за локалните избори продолжува како и вообичаено, со препукувања, а од она што може да се забележи досега, размените се најжестоки во албанскиот политички кампус. Во таквата реторичка „престрелка“ преовладуваат теми што немаат врска со локалните проблеми на граѓаните, па нивните интереси стануваат колатерална штета. Наместо тоа, слушаме како се нафрлаат осетливи политички прашања што можат да влијаат врз чувствата на граѓаните и врз чија основа гласачите треба да се определат, ако им дадат предност на личните чувства пред најсуштинските потреби за достоинствен секојдневен живот.
Во тој дел од политичката арена со нејасно дефинирано изјаснување доминира ДУИ, чии претставници и кандидати се наметнуваат како главни производители на етноцентрични теми. Затоа се стекнува впечаток дека кај албанската опозиција како да недостига реална конкретна понуда за локални потреби или, пак, таа е невидлива за просечниот гласач, додека е во сенка на други теми. Главни теми на ДУИ се ризикот од Србија, односно од таканаречениот „српски свет“, кој упорно го повторуваат во секоја пригода, дополнети со тврдењата дека сегашната влада е моноетнична и антиалбанска и ги влошува меѓуетничките односи?! ДУИ, во сопствената реалност, и инцидентите со навивачи ги толкува во обид да прикаже влошени меѓуетнички односи и тензии, како последица на политиките на Владата. А, всушност, реториката на ДУИ и на албанската опозиција е таа што најмногу придонесува за напнати меѓуетнички односи.
Повторуваната изјава на лидерот на партијата Али Ахмети, спомната и во говор во скопската општина Чаир, дека ако сакале да ја поделат Македонија, тоа ќе го направеле со петнаесет илјади вооружени војници, е најрепрезентативна во контекст на ова. Весникот на албански јазик „Журнал“ за тоа вели дека „Ахмети зборува за војни и поделби само кога е во тесно, додека младите луѓе бараат развој, а не празни зборови“.

– Гледајќи дека Чаир не беше исполнет со луѓе како порано, кои го чекаа со раширени раце, Ахмети рече дека ако сакал, ќе ја поделел Македонија во 2001 година. Овој пат патриотизмот не се разгоре како во претходните времиња – коментира и „Журнал.мк“ во анализа по повод изјавата на Ахмети.
Граѓаните сфатија дека Ахмети се обидува да го користи патриотизмот како средство за прикривање на својот политички пораз. Ова е стратегија што често ја слушаме во политиката, каде што лидерите се обидуваат да ги мобилизираат националните чувства за да добијат поддршка.
Таквата употребата на патриотизмот за лична корист или за да заведе повеќе отколку за да ѝ помогне на земјата би можела да доведе до контроверзии и поделби меѓу електоратот или до целосен политички пораз, коментираат аналитичарите.
Од друга страна, ДУИ и Ахмети често зборуваат дека се залагаат за мир и интеграција и соживот. А по повод годишнина на рамковниот договор, Ахмети и самиот призна дека сѐ што постигнале го сториле заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, но и тоа не го спречува да се потсетува на 2001 година и на поделби.
Веројатно затоа што нема што многу да понудат во програмата на овие локални избори, ДУИ се надеваат дека ќе ги загреат националистичките чувства кај Албанците во обид да остварат изборна победа?! Главната теза на ДУИ за оправдување на националистичката и етноцентрична реторика е дека треба да се почитува волјата на Албанците изразена на избори, иако ДУИ самата претходно го прекрши принципот „победник со победник“ и направи влада со СДСМ, а не со ВМРО–ДПМНЕ, која во 2016 година беше победник на изборите. А се заборава и дека само неколку месеци пред последните парламентарни избори, ДУИ се залагаше за влада со СДСМ без разлика кој ќе биде победник од македонските партии. Подоцна го смени курсот, но беше доцна…
Главниот аргумент зошто оваа кампања ја моделираат како штетна и погрешна е поврзан со фактот дека од албанскиот политички кампус ги одземаат медиумскиот простор и вниманието на јавноста од самите кандидати за градоначалници. Наместо протагонисти во трката да бидат луѓето што бараат доверба од граѓаните да ги водат општините, рефлекторите се насочени кон лидерите и надворешните агенди што не нудат конкретни решенија за локалните потреби. Ова има очигледни последици. Локалната дебата е деградирана, бидејќи граѓаните не слушаат за конкретни проекти, туку за општи политички идеи што не ги засегаат директно.

Главниот аргумент зошто оваа кампања ја моделираат како штетна и погрешна е поврзан со фактот дека од албанскиот политички кампус ги одземаат медиумскиот простор и вниманието на јавноста од самите кандидати за градоначалници. Наместо протагонисти во трката да бидат луѓето што бараат доверба од граѓаните да ги водат општините, рефлекторите се насочени кон лидерите и надворешните агенди што не нудат конкретни решенија за локалните потреби. Ова има очигледни последици. Локалната дебата е деградирана, бидејќи граѓаните не слушаат за конкретни проекти, туку за општи политички идеи што не ги засегаат директно

Медиумскиот простор е монополизиран од таа тема за „српскиот свет“, додека локалните кандидати, нивниот квалитет, компетентност, знаење и вештини, остануваат во сенка. Етничкиот дискурс создава непотребни тензии, го поларизира општеството и ја поместува дебатата од соработка во поделба. Одговорноста е исто така ослабена, бидејќи граѓаните не ги оценуваат кандидатите врз основа на нивните проекти, туку се насочуваат да се поттикнат емоции кај граѓаните/електоратот, кои немаат никаква врска со секојдневниот живот. Наместо да бидат натпревар за локален развој и решенија за конкретни проблеми, изборите стануваат алатка за промовирање идеологии што им служат на тесни политички интереси. Локалните избори се за граѓаните и нивните општини, а не за идеолошки проекти наметнати однадвор. Поради оваа причина, воведувањето на кампањата „српски свет“ во овој процес не е само погрешно туку е и штетно: им ја одзема на граѓаните можноста да слушаат, судат и избираат врз основа на реални проекти што влијаат на нивниот секојдневен живот. Ова го забележуваат медиумите од Македонија и од регионот, но и гласачите, кои нема да паднат на ваквите евтини веќе видени трикови кога ќе се изјаснуваат на претстојните избори.

Сотир Ристо