Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријава против Љ.Ш. и С.Ф. во својство на министер за локална самоуправа од 2015-2017 година, М.М.П. во својство на државен советник за европски интеграции во Министерството за локална самоуправа и Б.Р. во својство на одговорно лице за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија.
Љ.Ш. и С.Ф. заедно со М.М.П. и Б.Р. со пропуштање должен надзор, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности. Во проект на ИПА Фондовите наменети за техничка помош на Министерството за локална самоуправа за меѓугранична соработка со Бугарија склучиле, потпишале и исплатиле четири договори за користење интелектуално-консултантски услуги меѓу Министерството за локална самоуправа и со М.М.П. и Б.Р., кои се во редовен работен однос во Министерството, а кои како наводно дополнително ангажирани лица преку Младинска Агенција ДОО – Скопје незаконски примиле парични средства во вкупен износ од 2.198.243 денари, со што стекнале противправна имотна корист и за тој износ го оштетиле Буџетот на Министерството за локална самоуправа.
Со цел да ги прикријат трагите на кривичното дело, Љ.Ш., С.Ф., М.М.П. и Б.Р. дале налог на Младинска Агенција ДОО во фактурите наместо да бидат наведени личните податоци, да бидат само нумерички изразени М.М.П. како експерт бр. 12, а Б.Р. како експерт бр. 13, за што М.М.П. изработила, потпишала и до Младинска Агенција ДОО Скопје доставила список на експерти за исплата. Со тоа ги прикрила личните податоци и статусот како вработени во Министерството при исплатата на паричните средства.
Горенаведеното се потврдува и со Ревизорски извештај бр. 2007СВ16IPO007-2009-TA-006 за незаконски исплатени парични средства на ангажирани вработени лица како експерти вовкупен износ од 2.198.243,00 денари (35.571,00 евра), кои парични средства од страна на Министеството за локална самоупрва се вратени на ИПА Фондовите, со што е нанесена штета на Буџетот на Министерството.