Идиот. Идиотизам. Корисен идиот (2)

Сега во рамките на темата на нашата дводелна колумна, драг читателу, е важно, како што истакнавме пред тоа, да повлечеме гранична линија меѓу идиотот и лудиот, оти идиотите не се луди, некогаш се и многу рационални, а лудите не се идиоти оти стојат високо над нив со ум и интелигенција. Додуша утеха во целата ситуација за идиотот е во тоа што иако ТОЈ стои под лудиот е искачен над психопатот, до КОЈ според некои манифестации понекогаш и опасно му се доближува. Тука е тенка границата, која ја диктира не психопатот, туку идиотот. Додека идиотот е малоумник, со кусок ум, свест и самоспознание, психопатот е умоболник. Тој е (парадоксално ама вистина е) како таков амнестиран од примордијалните супстанции на богообразното создание, чувството на срам и грев. Таков ТОЈ дури е и невин, стасан во ОВОЈ живот според индуистичкиот кармизам за да го отплати својот долг од минатото. Така, додека идиотот не е умоболник е малоумник, но ТОЈ мал ум на егзистенцијално ниво умее да го користи многу поубаво отколку што умеат тоа да го прават гениите, оние како Тесла, на пример, кој целиот живот го минал во егзистенцијален аскетизам за разлика од некои идиоти, кои него го поминале бесполезно во богатство и раскош, иако ништо ЛИЧНО НЕ ПРИДОНЕЛЕ за богатството на светот како генијот од Смиљан.
Идиот е тој што не го усвоил императивот на Климент Охридски, кого веќе го спомнавме (човекот да се искачува од анималното кон ангелското) и сè уште е според растот на умот и свеста на Галапагос, без разлика што е, на пример, премиер или претседател со убав костум и црвена вратоврска, а ја крие во панталоните опашката под газот, ама народот, кој од него потсвесно, а можеби и свесно, е сметан за идиот, ја гледа неа.
Така. Значи идиотот е малоумник, човек со стеснета свест. А што е тогаш лудиот во однос на идиотот? И со таа тема, за некои чудно, многу повеќе од психолозите и психијатрите се занимавале писателите. Меѓу нив пак стрчи Достоевски како еден од најдлабоките истражувачи на човековата душа. Душата којашто ќе биде главна цел на науката на иднината како што тврди Јунг. Од руските писатели со лудите и лудилото како тема покрај Достоевски уште со фасцинантна сосредоточеност се занимавал во своето дело и Чехов. Лудите и лудилото во него се појавуваат како некои скриени светилници што ги осветлуваат најскриените катчиња на човековата душа. Не само во „Павилјон номер 13“.
Кај Достоевски дистинкцијата, пак, меѓу вистинскиот и фигуративниот идиот, како еден вид измислен луд проскрибиран од средината е направена како што видовме на генијален начин во романот „Идиот“ со главниот јунак кнез Мишкин. За разлика од вистинските малоумници идиоти кај Гогољ во „Мртви души“. Проблемот кај идиотот е во тоа што иако има кусок на ум, тој сепак може да се обиде да напредува и да се искачи на малку повисоко умно ниво, но тој го одбива тоа, задоволен како бишките од калта во која се чувствува удобно тој. Посебно тоа важи за идиотот од подрачјето на политиката, која не индиректно туку директно ја сугерира таа кал за која станува збор. Homo politicus-от од нашето маало, кој како што би рекол Љупчо Коцарев ја ДЕМОНСТРИРА не „моќта на знаењето“, КОЈА отсекогаш, изгледа и пред раѓање, му била туѓа, туку „моќта на незнаењето“. Но, секако, не онаа на Сократ, кој за разлика од него бил свесен за своето „незнаење“, кога рекол макар и со цинична иронија како елемент на духот „Знам дека не знам“.

Тоа и таков е, скициран кратко, портретот на идиотот од подрачјето на политиката. Тој е лукративен и коруптивен, иако со скусен но со практичен ум, но не, се разбира, во кантовската смисла на тој поим. Тој и таквиот homo politicus, кој вирее од 1990 наваму на македонска почва, е бујат и неискоренлив како коров. Со еден збор ТОЈ не е луд, бидејќи нема перформанси за тоа: интелигенција и вишок на ум. И еве ја и тука, драг читателу, битната разлика воопшто меѓу идиотот и лудиот. Идиотот е лукративец (Гогољ тоа перфектно го детектира) и дебелокожец, лишен од душа и чувства, а лудиот е хиперсензибилно битие, притоа и екстраинтелигентно во многуте свои мигови на lucida intervala. Сето тоа, пак, влегува во медицинската дијагноза на лудиот и лудилото како шизофренија, или преведено на јазикот на сликата расцеп на душата, нејзин длабок хијатус, помрачение што на мигови е полно со молњи на луцидни просветленија на умот, честопати изразени ВО шифри, кои се тешки за разбирање и за психијатрите. Од нив, нека не се навредат, пак, тие шифри подобро и подлабоко ги разгатнуваат писателите. Такви растајнувања на лудилото и меланхолијата на човекот чија душа е длабоко напукната може да се најдат во делото и на Иво Андриќ, кој во таквите истражувања на психата не заостанува ни педа зад Достоевски. ТОЈ брилијантно го демонстрира тоа во неговото брилијантно дело, новелата „Проклета авлија“ со нејзиниот главен лик Џем Султан. Тој е најумната и најчувствителна душа во целокупната Отоманска Империја, но имено и затоа е опасен за неа и е ПРОГЛАСЕН за луд. На крајот и вистински бива, таков, ЗАТВОРЕН, ПОКРАЈ во вистинската зандана, и во занданата на својот веќе ранет ум. Итн.

Сè е јасно. Јасни се конечно сега, драг читателу, граничните линии меѓу психопатот, идиотот и лудиот. Последниот од нив, како што видовме, има посебна висока почит кај Достоевски, Чехов и Андриќ. Да. Лудиот никогаш не произведува атмосфера на идиотизам. Тоа само го можат психопатот и идиотот. Но сега да се префрлиме на корисниот идиот, посебна сорта идиот, кој произведува и посебна психоатмосфера на идиотизам. Синтагмата корисен идиот, всушност, колку што ми е познато, ја фрли во оптек еден полски новинар и, таква, таа стана општоприфатена во новинарските и медиумските кругови во светот. Нејзе ѝ беше, како феномен, дадена модерна димензија, иако корисните идиоти и корисниот идиотизам ѝ се познати и на антиката. Тој феномен уште од тогаш се профилира, но денес посебно и на перверзно софистициран начин се промовира во некој вид професија и професионализам. Денес поимот корисен идиот и корисен идиотизам, драг читателу, во својство на професионалец и професионализам влезе на голема врата во политиката, според нас најмоќното нешто за идиотизирање не само на поединци и одделни политички елити од првиот, а потоа и од вториот и третиот ешалон, туку и на цели помали, сиромашни и неотпорни манипулирани народи, како што е тоа впрочем случај и со македонскиот народ. Не чуди се, драг читателу, звучи ексклузивно, но тоа е вистина. И тоа сега на македонски пример ќе се потрудиме во куси црти и да го објасниме.
Да. Но пред тоа да кажеме дека феноменот корисен идиоти, и следствено на тоа корисен идиотизам има модерен политички империјален печат. Тој уште од времето на стампедото на европскиот колонијализам низ белиот свет се профилира како феномен: сегде на освоените ТЕРИТОРИИ, ЗА полесно да се владеат и материјално узурпираат тие, се бараат локални водачи вазали со стеснет ум, користени од колонизаторите како корисни идиоти за себе, а на штета на нивниот народ. И денес корисните идиоти, иако завиткани во софистициран целофан од Империјата како божемни реформатори во својата средина, се добро препознатливи. Нив денес, но и од поодамна, ги лиферуваат за свои империјални цели и Вашингтон (Америка) и Брисел (ЕУ на европските колонијалистички сили). Посебно Америка е моќна тука, која за своите хегемонистички политики бара корисни идиоти како што е познато од Јужна Америка, Африка, азискиот Пацифик сè до Балканот. Таа ги најде нив и во моќната Југославија за да ја растури како кула од карти. Како никогаш и да не постоела. А дури најде корисни идиоти за да го растури дури и големиот Советски Сојуз.

Го најде како капиталец Горбачов, кого го издигна на светско ниво како демократски реформатор. А откако ја заврши работата растурајќи го и Варшавскиот воен пакт, Западот, кревајќи го на планетарен пиедестал НАТО, иронично за да даде на знаење колку за него вредат корисните политидиоти, дури и од таков грандиозен ТИП, ГО стави Горбачов во шише: ЛОНДОН, МАСОНСКОТО средиште на Империјата произведе вотка „Горбачов“. Маестрален пример како се користат корисните идиоти.
Да, гледам ми замеруваш, драг читателу, дека и сега, како обично, пак правам долги дигресии. Да, но широките ракави на темата влечат накај центарот. Па еве, кога си нестрплив, сега кусо за најмодерниот (да не одиме до 1913, туку да почнеме од 1997) експеримент, experimentum macedonicum со Македонија и Македонците од страна на Империјата со две престолнини Брисел (ЕУ) и Вашингтон (Америка). И тука во тој експеримент на „демократскиот“ Запад, драг читателу, се направи обид за идиотизација на целиот македонски народ, односно, во контекст на темата што ја разгледуваме, за негово третирање како колективен идиот. За тоа сведочи чисто, според сите антицивилизациски и антрополошки елементи, нацифашистичката Лисабонска декларација НА ЕУ, КОЈА навистина ние идиотски ја преспавме (политичари, интелектуалци, полуинтелектуалци, академици, универзитетски професори, научни работници, писатели и секакво слично ѓубриште, оти не може поинаку да се нарече) и сè уште ја преспиваме во каталепсија корисно идиотизирани. А што беше и што е Лисабонската декларација. Таа е забрана за наш македонски влез во струјата на западната канибалистичка кон нас цивилизација со своето генеричко име како Македонија и Македонци, чиј идентитет го потврдува како најзначаен религиски и антрополошки документ Библијата. Арно ама Европа на колонијалистите (темплари, крстоносци, конквистадори, фашисти…) е безбожна и, таква, таа ја чита книгата на сатаната. Погледни ги нивните велелепни катедрали во кои не влегол Бог, чии фасади се полни со пагански чудовишта и ќе ти биде јасно, драг читателу. Многу труд стори од Македонија апостол Павле да ја направи христолика таа паганска цивилизација со ѕверско лице (и не само кон нас), но не успеа. За жал. Ама ние Македонците, покрај тоа што треба да се самооплакуваме, немаме солзи и за неа.
Нацифашистичката Лисабонска ЕУ декларација беше уште на почетокот од нашето несамоостоено осамостојување идентитетски геноциден проект за целосно мемориско усмртување на Македонците, драг читателу. ЕУ experimentum macedonicum. Сериозна подготовка за идентитетска Хирошима на Македонците. Атомската бомба за тоа е споделена беневолентно заеднички меѓу Вашингтон и Брисел. Да. Но прашуваш, драг читателу, кои се македонските корисни идиоти за ЕУ-проектот на идентитетско ликвидирање на Македонците со, според нив, само една „невина“ придавка пред нашето име СЕВЕРНА, предавајќи им го генеречкото име МАКЕДОНИЈА на Грците „лицем светци, срцем волци“. Сега конкретно на корисните идиоти кај нас што го реализираат ИмпериЈалниот северен проект на македонската идентитетска смрт, а со перверзна умисла на бриселската ороспија дека таа еутаназија (или јапонски речено харикири) е со доброволна согласност на Македонците.
Крај. Се надевам, драг читателу, дека приближно добро ЈА објаснивме тријадата во насловот на нашиот есеј: Идиот, идиотизам, корисен идиот. Тоа е тријадата со која сега засега силно, ама не се знае до кога, владее Западната империја. Ама не се знае до кога, оти тука е веќе БРИКС, кому ние како корисни идиоти му вртиме грб, а во таа смисла и „Патот на свилата“ и „Појас и пат“ на големата и мудра Кина на Лао Це и Конфуциј. Доволно беше. До следната наша средба, драг читателу, доколку не интервенира Империјата, како што еднаш веќе интервенираше, па бев отсутен од овие страници безмалку две години, најискрено те поздравувам.

(крај)