ПАРААТЛЕТИКА – „СРБИЈА ОПЕН 2026“

  • На атлетското првенство настапија натпреварувачи од седум држави

Репрезентацијата на Параолимпискиот комитетот на Македонија (МПОК) во параатлетика во состав: Крсто Серафимовски (селектор), Дарко Спировски (класа Ф44), Златко Арсовски (класа Ф55), Никола Пеев (класа Ф36), Елена Давитковска (класа Ф56), предводена од тим-лидерот Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, учествуваше на Отворено првенство на Србија во параатлетика „Србија опен 2026“, кое се одржа во Крушевац, Србија. На атлетското првенство настапија натпреварувачи од седум држави (Србија, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и Бугарија). Средства за учество на ова атлетско првенство беа обезбедени од Министерството за спорт и од Министерството за социјална политика, демографија и млади, информираат од МПОК.
Притоа македонските спортисти ги постигнаа следните резултати и пласмани: Дарко Спировски од Битола, класа Ф44: копје 23,04 метри (трето место), ѓуле 7,33 м (петто место), диск 20,72 м (шесто место); Златко Арсовски од Делчево, класа Ф55: копје 14,93 м (трето место), ѓуле 5,79 м (петто место), диск 14,99 м (11 место); Никола Пеев од Гевгелија, класа Ф36: копје 22,93 м (четврто место), ѓуле 7,58 м (четврто место), диск 24,20 м (петто место); Елена Давитковска од Куманово, класа Ф56: диск 11,69 м (четврто место), ѓуле 5,13 м (петто место), копје 10,44 м (петто место). Г.И.