Фото: Дом на култура „Иван Мазов Климе“

Последната серија цртежи од творечкиот опус на еден од најпознатите македонски
ликовни уметници Родољуб Анастасов, која е работена ви техника молив и молив во боја на хартија,во мали формати каде извонредниот уметник од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрти е изложена во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Делата се создавани во периодот од 2016 до 2022 година а изложбата е реализирана во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура АРХИФАКТ Скопје, неформална мрежа на музеи Музеум Линк, како патувачки концепт. Благодарение на подршката и заложбите на Фондацијата „Јустина и Родољуб Анасатсов“, оваа изложба насловена како „Визии – глава полна со луѓе“ продолжува да се движи како патувачки концепт, исполнувајќи ја последната
желба на Анасатсов – неговите ВИЗИИ да стигнат до што поголем број љубители на уметноста, но и до жителите на земјата која неизмерно ја сакаше.

Фото: Дом на култура „Иван Мазов Климе“

Автор и куратор на изложбата е Јасмина Намичева која во своето обраќање до присустните на отворањето на изложбата издвои неколку интересни информации за овој истакнат македонски ликовен уметник кој почина само пред 40 дена.Родољуб Анастасов бил признат од Американскиот биографски институт кој во 2009 година го вброила меѓу 500- те најголеми генијалци во светот во 21 век а неговата биографија била вклучена во едицијата „500 најголеми генијалци на 21 век“. Имено во образложението стои дека институтот ги наградува успешните индивидуалци како професорот Анастасов, чии достигнувања се во повеќе области и влијаат на
идните генерации поради нивните исклучителни дела и посветеност.

Фото: Дом на култура „Иван Мазов Климе“

Изложбата „Визии – глава полна со луѓе“ претставаува исклучителна можност да се видат делата на овој голем уметник кои ги создал по заздравувањето од претрпениот мозочен удар. М.М.