ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ЏИРО Д`ИТАЛИЈА
- Италијанецот Чиконе го презеде водството во генералниот пласман
Италијанскиот велосипедист Џулио Чиконе го презеде водството во генералниот пласман на престижната велосипедска трка „Џиро д’Италија“, додека во четврта етапа триумфираше Еквадорецот Џонатан Нарваес. Годинашното Џиро пристигна во Италија за првпат по првите три етапи во Бугарија, а лидер на трката до вторникот беше Уругваецот Гилермо Силва, прв велосипедист од неговата земја што освоил етапа и ја носел розовата маичка. Сепак, Силва забави на долгото искачување од втора категорија во вториот дел од етапата и на крајот низ целта мина со повеќе од десет минути задоцнување. Чиконе се бореше за победа на етапата, но беше побавен од Нарваез во последниот спринт, додека Орлуис Аулар го освои второто место од етапата долга 138 км од Катанцаро до Козенца. Третото место и четири бонус секунди беа доволни за Чиконе да ја земе розовата маичка со предност од четири секунди пред Јан Кристен, Флоријан Шторк и Еган Бернал.
Петтата етапа се возеше вчера и таа можеше значително да го промени генералниот пласман. Велосипедистите се соочија со речиси 4.000 метри искачување на делницата од 203 км од Праја а Маре до Потенца, со многу малку рамни делови. Годинава, 109-то издание на машкото Џиро завршува на 31 мај во Рим. Г.И.


































