По повеќемесечна потрага, жената која исчезна во ноември минатата година, за жал, беше пронајдена мртва. Лидија Трајовска (43) од скопското село Јурумлери беше последен пат видена на 8 ноември на автобуската станица во селото, а од тој момент семејството немаше никакви информации за нејзиното движење.
Нејзиното безживотно тело беше пронајдено пред неколку дена во водите на реката Вардар, во близина на Зелениково. Информацијата дека се работи за неа надлежните официјално ја потврдија. По починатата Трајовска семејството и блиските неуморно трагаа, дури барајќи и меѓународна помош.
Потрагата која траеше неколку месеци заврши со најлошиот можен исход, односно смрт. Засега не се познати деталите за причините и околностите што довеле до овој трагичен настан, а надлежните институции продолжуваат со истрагата.