Рускиот претседател, Владимир Путин, уверува дека руската вакцина „спутник В“ покажала многу високо ниво на ефикасност против новиот сој на коронавирусот – омикрон.
– Зборував со директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеа“, Александар Гинтсбург. Тие го водеа истражувањето, а вакцината ‘спутник В’ го неутрализира новиот сој – рече Путин на неформалниот самит на лидерите на Комонвелтот на независни држави, а пренесе руската агенција ТАСС.
Путин изјави дека Гинтсбург разговарал со него буквално пред два дена и дека биле спроведени студии, но дека сега се чекаат клинички истражувања за да се утврди степенот до кој „спутник“ му се противи на вирусот.
– Но, тој рече дека она што го направиле во Центарот ни дава уверување дека вакцината во голема мера ќе го неутрализира омикрон-сојот – заклучи рускиот претседател.
Путин рече дека „спутник В“ обезбедува речси 90 проценти заштита.