Министерот за надворешни работи Бујар Османи пристигна во болницата „Пирогов“, каде беа сместени повредените во тешката сообраќајка со македонски граѓани на автопатот Струма, пренесуваат бугарските медиуми.
Тој пред новинарите изјави дека автобусот сообраќал од Истанбул за Скопје.
Османи рече дека туристичката агенција е од Скопје и дека повеќето граѓани се верува дека се од Скопје, пренесе БНТ.
Османи рече дека викендот во Македонија бил продолжен, поради Денот на албанската азбука и луѓето ги искористиле деновите за патување.