Еден пациент е во потешка здравствена состојба со белодробна тромбоемболија како компликација од морбили, и е хоспитализиран на Одделот за интензивно лекување на Клиниката за инфективни болести. Со компликации од морбили хоспитализирани се и три деца и двајца возрасни кои имаат пневмонија, информираат од таа јавна здравствена установа.
Посочуваат дека четворица пациенти со морбили се прегледани вчера на Клиниката, од кои еден пациент на возраст од 34 години од Чаир за кого нема евиденција за неговиот вакцинален статус, е задржан на болничко лекување.
– Амбулантски се прегледани четворица возрасни, од кои двајца на возраст од 24 и 19 години за кои нема податоци за вакцинален статус. Другите двајца се од Студеничани и Драчево на возраст од 34 и 39 години исто така без податоци за вакцинален статус. На Клиниката има вкупно 33 пациенти, од кои 16 возрасни пациенти со морбили и 17 деца- наведуваат од клиниката.