Американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи денеска Иранската револуционерна гарда за терористичка организација, во обид да го зголеми меѓународниот притисок врз таа земја.

Тоа е прв случај која било претседателската администрација во историјата на САД да прогласи орган на некоја странска влада за терористички.

Трамп истакна дека со таквиот потег се „препознава реалноста“ дека во Иран постои тероризам под покровителство на државата, а Гардата е ативен соработник.

Официјални претставници на администрацијата изјавија дека таквиот чекор дополнително ќе го изолира Иран и со тоа ќе стане јасно дека САД нема да ја толерираат постојаната поддршка на Техеран за бунтовничките групи и останатите кои го дестабилизираат Блискиот Исток.

Меѓутоа, ова прогласување може да има пошироки импликации за американскиот персонал и политика во регионот и на други места, бидејќи Иран се закани дека ќе се одмазди.