Научниците предвидуваат

Новите истражувања покажаа дека во наредните децении, односно до 2060 година ќе биде соборен сегашниот рекорд на човечки животен век.
Дали постои ограничување на животниот век на човекот се дебатира стотици години, но процените покажуваат дека максималниот животен век е зголемен, барем според запишаните историски податоци. На пример, Евреите од доцното бронзено време сметале дека најдолгиот животен век е 80 години, а илјада години подоцна Римјаните верувале дека тоа всушност е 100 години.
Меѓутоа, денес рекордот за најстара човек на светот го држи Французинката Жан Калмент, која почина во 1997 година, на 122-годишна возраст. И покрај напредокот на медицината, никој досега не успеал да го надмине овој рекорд.
Новото истражување покажува дека луѓето допрва треба да го достигнат својот максимален животен век, а сегашниот рекорд би можел да биде соборен до 2060 година. Истражувањето сугерира дека ако постои максимална граница на човечкиот животен век, ние сè уште не сме се приближиле до тоа.
Според истражувањето на американските научници, рекордот ќе го соборат јапонските жени. Научниците користеле математички модел за да ги предвидат трендовите на смртност за следните години. За таа цел беше анализиран историски тековен збир на податоци за смртност за луѓе на возраст од 50 до 100 години (луѓе родени помеѓу 1700-тите и доцните 1900-ти до 1969 година) од 19 земји, а пресметките беа искористени за да се предвиди возраста што луѓето би можеле да ја достигнат во иднина.
– Откривме дека групите родени помеѓу 1900 и 1950 година низ историјата доживеале невидено доцнење во смртноста, но сѐ уште се премногу млади за да ги соборат рекордите на долговечноста. Ако овие групи достигнуваат напредна возраст во наредните децении, рекордите за долговечност би можеле значително да се зголемат – наведуваат авторите.
Според статистичките анализи, Јапонките би можеле да доживеат 122 години во наредните децении. Луѓето родени во 1930-тите или 1940-тите години исто така би можеле да соборат рекорди за долговечност во наредните децении доколку имаат добро здравје и медицинска нега.