Нега и убавина

Ако вашата коса станува мрсна веднаш по миењето, можеби погрешно правите некои чекори.
Премногу шампон: Иако мислите дека користењето повеќе шампон ќе ја направи вашата коса почиста и нанесувате големи количества со неколку плакнења, тоа е грешка.
Исто така, не е добро секојдневно да ја миете косата, бидејќи на тој начин се поттикнува зголемено лачење маснотии. Идеално е да ја миете косата со шампон само еднаш, и тоа двапати неделно.
Многу топла вода: Топлината го поттикнува лачењето маснотии, па затоа се препорачува миење на косата со млака, па дури и ладна вода.
Несоодветна четка: Ако имате коса што е склона на мрсење, тогаш не се препорачуваат метални четки. Најдобро е да користите пластични четки, со заоблени врвови.