Во текот на 32 сезони, т.н. пророчка анимирана серија е заслужна за предвидување на многу работи, од терористичките напади од 11 септември, до пандемијата на коронавирусот. Кои се предвидувањата на Симпсонови за 2022 година?
Симпсонови многупати досега ја предвидоа иднината. Во изобилството застрашувачки предвидувања, тешко е да се поверува во не мал број од нив, како Камала Харис во виолетова облека или Том Хенкс заразен со коронавирус.
Во далечната 1995 година, тие покажаа еден од нивните ликови како носи часовник што можете да го користите како телефон. Беа потребни 20 години за „епл воч“ да ја види светлината на денот. Во 2000 година, 16 години пред вистинскиот настан, „Симпсонови“ предвидоа дека Доналд Трамп ќе се кандидира за претседател, дури успеаја да предвидат дека тој ќе победи. И тоа е само дел од неверојатните поклопувања.
Жолтото семејство во текот на повеќе од 30 сезони предвиде стотици ситуации и ја предвиде иднината. Оваа година нема да биде исклучок, па љубителите на Симпсонови ќе имаат задоволство да ги проверат предвидувањата на најпознатото анимирано семејство.

Пандемијата не е завршена

Едно од предвидувањата беше за повторно појавување на коронавирусот, токму она што се случи во земјите што се соочуваат со третиот или четвртиот бран на вирусот. Ваквата ситуација во серијата е прикажана со употребата на куполата во Спрингфилд во која граѓаните беа целосно изолирани.

Храна за виртуелна реалност

Според Симпсонови, за 2022 година се планирани дигитални оброци, односно можност за консумирање храна преку виртуелна апликација за храна. Така, во една од епизодите сместени во 2030 година, можат да се видат Марџ и Хомер како внесуваат храна преку холограмски електронски уред.
Во 2021 година, научниците за храна од универзитетот „Корнел“ открија дека сирењето што се консумира во средина на виртуелна реалност има подобар вкус, додека туристичката агенција „Ројал Карибиен“ се обидува да развие технологија за да им овозможи на своите гости искуство да консумираат храна во виртуелна реалност на нивните крстосувања.

Колонизација на Марс

Вака изгледаше пред многу години една епизода од Симпсонови: Лиза сака да оди на Марс, па аплицира за еднонасочно патување до Црвената Планета, иако Марџ не се согласува со тоа. Резултатот е дека на крајот целото семејство се пријавува за патување во 2026 година. Звучи познато, нели? Сонот на Илон Маск да оди на Марс, за кој толку многу се зборува денес, би можел да биде чекор поблиску до реализација оваа година, кога неговата компанија „Спејс екс“ за првпат ќе ја лансира ракетата „Старшип“ во орбитата. Планот е да се испрати првиот товар, кој на првите „марсовци“ ќе им овозможи поволни услови за опстанок на оваа планета, а две години подоцна на истиот брод ќе се најде уште покорисен товар, како и првите потенцијални луѓе што би останале на Марс.

Роботите го заземат светот

Во една епизода, Симпсонови посетуваат забавен парк каде што роботите го контролираат секое возење, додека не ја губат контролата и почнуваат да убиваат луѓе околу нив.
Јирген Шмидхубер, познат како „таткото на вештачката интелигенција“, неодамна шпекулираше дека за неколку децении роботите би можеле да го заземат светот каков што го знаеме.

Летачки автомобили

Конечно, едно од предвидувањата на кои многумина се надеваат оваа година е пристигнувањето на летачките автомобили. Според епизодата „Идна драма“, тоа ќе се случи во текот на оваа година. Автомобилите на небото ќе бидат нашата реалност и многу ќе им го олеснат животот на луѓето.
Не дека досега не сме го виделе ова во филмови како „Враќање во иднината“ и „Хари Потер“, исто како што веќе не е толку малку веројатно првите летачки автомобили наскоро да летаат на небото над нас, со оглед на најавите на пазарот, со што ако се остварат, ќе се исполни уште едно пророштво на Симпсонови за оваа 2022 година.