Рускиот претседател Владимир Путин во Москва се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, а фотографиите од нивната средба го обиколија светот со брзина на светлината. Една особено привлече внимание, па стана предмет на шеги на Твитер.
„Почитуван господине претседател, драг Емануел, многу ми е мило што те видов“, му рекол Путин на Макрон на почетокот на протоколарниот дел од разговорот. Двајцата лидери седеле во огромна сала, на долга тркалезна маса, еден спроти друг. Корисниците на социјалните мрежи ја споделија фотографијата со различни коментари и монтажи. На една се гледа црна мачка зад Путин и бела мачка зад Макрон. Втора монтажа си поигра со лидерите и „Тајната вечера“, а трета ги прикажува Макрон и Путин како гледаат стриптиз-настап. На следната монтажа Џо Бајден, американскиот претседател, седи меѓу нив двајца и јаде сладолед. Во една од хумористичните монтажи се прикажани двајцата лидери со огромни мегафони, што упатува на фактот дека седеле далеку еден од друг и „можеби не слушале што зборува другиот“.