Фото: Пиксабеј

Планината Фиџи, позната и како Фиџисан, е највисокиот врв во Јапонија и една од најпознатите планини во земјата, а од 1 јули се воведуваат билети по цена од 13 долари за искачување по најпознатата патека Јошида. Исто така, бројот на планинари е ограничен за да се намали метежот и да се подобри безбедноста.
Имено, патеката Јошида привлекува повеќе од 220.000 посетители секоја сезона од јули до септември, што ќе се промени летово. Сега дневниот пристап по патеката ќе биде ограничен на 4.000 луѓе, со забрана за влез помеѓу 16 и 2 часот, според регулативата што ја одобри регионот Јаманаши.
Планината Фиџи е највисокиот врв во Јапонија и една од најпознатите природни икони во земјата. Оваа планина со вулканско потекло се наоѓа во средишниот дел на Хоншу, главниот јапонски остров. Нејзината висина е 3.776 метри, што ја прави многу препознатлива и често фотографирана планина.
– Откако се укинаа ограничувањата поради ковид-19, почнавме да забележуваме повеќе луѓе. Сакаме тие да тренираат правилно и да бидат добро подготвени за качување по планина – рече Тошиаки Касаи, претставник на локалната власт.
Имено, секоја сезона на искачување на планината Фиџи сѐ повеќе има информации за туристи што се искачуваат на планината со недоволно планинарска опрема. Некои спијат на патеката или палат оган за да се загреат, додека многумина се обидуваат без одмор да стигнат до врвот висок 3.776 метри (12.388 стапки) и поради тоа се разболуваат или се повредуваат. Другите патеки остануваат слободни за алпинистите. Планината има уште три главни патеки, кои ќе останат слободни за искачување.