Вежбањето е пожелна активност доколку сакате да го зачувате вашето здравје, меѓутоа луѓето често се лишени од сон и затоа се премногу уморни за физичка активност. Токму затоа често се разговара за тоа дали е препорачливо да вежбате ако сте навистина уморни.
Докторката Филис Зи од медицинскиот факултет „Фајнберг“ во Чикаго тврди дека тоа е двонасочна врска. Според нејзиното истражување, постојат јасни податоци што покажуваат дека редовното вежбање го подобрува квалитетот на сонот.
Длабокиот сон е фаза на исцелување, при што вашето тело се подобрува и се обновува. Може да се постигне само ако квалитетот на вашиот сон е добар со мали или без прекини во текот на ноќта.
– Истражувањето исто така покажува дека ако спиете подобро, поверојатно е дека ќе можете да вежбате и вашето ниво на физичка активност ќе биде повисоко. Затоа би рекла дека дури и ако сте имале лош сон, треба да продолжите со физичка активност – вели д-р Зи.
За да биде здраво, телото треба да помине низ четирите фази на спиење неколкупати секоја вечер. Во текот на првата и втората фаза, телото почнува да го забавува својот ритам. На овој начин се подготвува за третата фаза, а тоа е длабок сон во кој телото буквално се обновува на клеточно ниво.
Исто така, доколку сакате да вежбате и да го одржувате телото, експертите велат дека треба да се однесувате разумно. Избегнувајте напорни физички активности ако имате сериозно воспаление на мускулите и подобро изберете активности како што се пешачење или јога.