Абел Тесфаје или едноставно Д Викенд го собори Гинисовиот рекорд и стана најпопуларниот музичар во светот. Тој неодамна стана првиот изведувач што достигна 100 милиони емитувања месечно на „Спотифај“. Се наведува дека никој друг не е ни блиску до успехот на пејачот во стриминг-песни. Имено, 33-годишниот музичар постави два светски рекорда – тој е пејачот што има најмногу месечни слушатели на „Спотифај“ и тој е првиот изведувач што некогаш достигнал 100 милиони месечни слушатели на „Спотифај“.
Инаку, неговата песна „Blinding Lights“ од 2020 година е најпопуларна песна на „Спотифај“ на сите времиња, со повеќе од 3,47 милијарди емитувања, пренесува „Си-би-ес њус“.
На почетокот на 2020 година, музичарот објави видео за оваа песна, а досега е прегледано повеќе од 691 милион пати на Јутјуб. Само два месеца по објавувањето на песната, таа се најде во топ 100 песни на листата на „Билборд“. Неговата песна „Starboy“ е исто така една од најпопуларните песни на сите времиња на „Спотифај“.
Абел е Канаѓанец, пејач, но и комплетен автор. Кариерата ја започна во 2008 година, а неговиот прв студиски албум беше објавен во 2013 година и се вика „Kiss Land“.
Неговото второ целосно издание, „Beauty Behind the Madness“, исто така стана неговиот прв албум број еден на „Билборд 200“. Потоа следуваа уште поголеми хитови со албумот „Starboy“ и „After Hours“.
На почетокот на 2021 година, настапи на Супербоул. Во придружба на танчари, тој изведе голем број свои хитови, меѓу кои и песната „Blinding Lights“. Овој пејач не сакал организаторите на Супербоул да му платат за неговиот настап, туку самиот вложил неверојатни седум милиони долари за 13 минути од неговиот настап.