Во кафе-книжарницата „Буква“ се случи слушачката промоција на првиот албум на „Кенопсија“, новиот авторски проект „Еј, шо прајш таму???“ на младиот музичар Виктор Стојчевски.
– Кенопсија е морничава атмосфера на некое место, кое обично е преполно со луѓе, но сега е празно и тивко. Кенопсија е новиот соло-проект на Виктор Стојчески и преку него ќе се бори со напуштените сеќавања и сѐ што ќе биде, желбата да се побегне и бунтот против сите очекувања. – вели Иван Николов за албумот.
Во исто време во галерискиот простор во кафе-книжарницата „Буква“ беше отворена и изложбата на колажи и графики на младата уметница Марија Јаќовска.
Настанот е организиран од младинското неформално здружение „Култура бета“, во соработка со кафе-книжарницата „Буква“.