Проекција на филмот „Пред и после“ на Киро Урдин ќе се одржи во Кинотеката на Македонија, на 15 декември, во 20 часот. Станува збор за документарен филм по режија и сценарио на Киро Урдин. Наратор е Роберт Миано од САД, музиката е на Венко и Васко Серафимови, камерата на Бранд Феро, Слаѓан Милошевски и Ан Вутерс, Белгија Монтажа и звукот на Владимир Петровски-Картер Приказната се случува во околината на реката Мара (Кенија и Танзанија). Едно мало гну и едно мало бaфало се родени во непосредна близина. На крајот од животот тие умираат еден покрај друг.
Киро Урдин студира на Академијата за применета уметност во Париз и дипломира на Академијата за филм во Париз (1977 г.). Живее и работи во Париз од 1974 година. Од 1984 година до денес професионално се занимава само со сликарство. Од 1984 година има реализирано над сто самостојни и групни изложби во познати галерии и музеи. За неговите изложби е пишувано во околу 600 весници, речиси во секоја од земјите каде што изложувал. Покрај спомнатите написи, има дадено и над 30 интервјуа за телевизиски канали.