Денеска во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје

„Сноубординг отворен ден“ е прва спортска едукативна практична работилница, која ќе се одржи денеска (12 часот) во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општината Аеродром, во Скопје, и се состои од три дела. Првиот е наречен едукативна работилница за запознавање со сноубордингот како спорт, вториот е практична работилница за сноубординг и третиот е можноста за зачленување во сноуборд-клуб. Според тренерот и активен натпреварувач во сноубординг Томас Дебаловски, кој ќе го води овој спортски настан, заинтересираните деца што ќе дојдат треба да бидат облечени во спортска опрема, додека сите дополнителни реквизити се обезбедени од организаторот на овој настан.

– „Сноубординг отворен ден“ е спортски настан што е фокусиран на развојот и ширењето на познанства на снежните спортови, со посебен осврт кон сноубордингот. Целта на овој настан е да развиеме интерес кај дечињата и младите кон овој зимски спорт – вели Дебаловски во пресрет на овој спортски настан.