Филмскиот фестивал во Котбус (ФФЦ) е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм и годинава се одржува од 7 до 12 ноември. Денеска на фестивалот ќе се одржи проекција на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија.
– Основан во 1991 година, фестивалот сака да прикажува добри филмови и да им даде пристап до пазарот. Покрај тоа, има цел да ги зајакне талентите, да предизвика љубопитност, да ги доведе во прашање вообичаените клишеа и да го промовира дијалогот помеѓу филмаџиите. Затоа, речиси секој филм е проследен со возбудлива филмска дискусија. Состаноците за вмрежување, исто така, обезбедуваат можности за размена меѓу филмаџиите и претставниците на индустријата – велат организаторите.
Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Луксембург. Актерската екипа ја сочинуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.
Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес во соработка со францускиот копродуцент „Ле конте модернес“.