На 20 март, во 12 часот, ќе се одржи поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе. Со поетското читање ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата, а организатори на настанот се: Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Општина Свети Николе и Меѓународниот славјански универзитет од Свети Николе.
На манифестацијата „Билазорски видувања 2023“ ќе настапат поети членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови. А, со свои поздравни обраќања ќе учествуваат: Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, амбасадорот Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје, Дејан Владев, градоначалник на општината Свети Николе, и Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот славјански универзитет – Свети Николе.
Се планира манифестацијата во иднина да биде традиционална и секоја година да се распишува конкурс за најдобра песна од учениците во основните и средните училишта во земјава на темата „Билазора“.