Книгата „Буники“ од Далибор Плечиќ ја имаше својата промоција во Струмица.
Збирката содржи пет раскази: „Буники (приказни во аорист)“, „Пријателството нема цена“, „Проѕевање“, „Стапало“ и „Јазикот на кошарката“.
Далибор Плечиќ е книжевен критичар, писател и преведувач. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и има посетувано мастер-студии по библиотекарство и информатика на Универзитетот во Белград. Пишува книжевни критики за „Букса“ од Загреб, „Бетон“ од Белград и за списанието „Литерари ривју“ од Њу Џерси, САД. Престојувал на неколку резиденцијални програми, во Ку-21/Музејскиот кварт во Виена и во рамките на програмата на „Традуки“ во Софија. Претежно пишува проза, но има објавувано и песни со кои настапувал на фестивали за перформативна поезија во: Белград, Виена, Ротердам, Братислава, Грац и др.
Има преведено книги од: англиски, српски, хрватски и бугарски на македонски јазик, како и од македонски и од бугарски на српски.