По речиси 40 години, многу очекуваното продолжение на „Топ ган“, конечно е тука – со премиера во Велика Британија, закажана за мај.
„Топ-ган: Мaверик“ ќе биде отворен во Лондон како кралски филмски перформанс, а членовите на кралското семејство, најверојатно, ќе бидат на списокот со гости.
Во филмот се гледа дека холивудската ѕвезда Том Круз уште еднаш ја чувствува потребата за брзина повторувајќи ја улогата на поморскиот авијатичар Пит Мичел, речиси 36 години по оригиналот од 1986 година заедно со Том (Ајсмен) Казански (Вал Килмер). Во актерскиот тим се и Џенифер Конели, Мајлс Телер и Џон Хам.
Иако првично филмот требаше да појави во јули 2019 година, датумот постојано беше одложуван поради пандемијата на ковид-19. Конечно, премиерата во Обединетото Кралство ќе се одржи на 19 мај, но локацијата сѐ уште се чува во тајност.