Промовиран е возбудливиот дебитантски трилер „Девојката што ја наслика смртта“ од Андреа Мирчевска. Станува збор за психолошки трилер со примеси на романса, мистерија и драма што според сите книжевни параметри е на ниво на актуелната светска продукција во овој жанр. Овој роман во исто време е и сериозна студија на карактери што се прецизно, речиси хируршки, диференцирани, со сопствен глас и перспектива на настаните.
Мирческа, како што вели во предговорот на романот истакнатиот писател Венко Андоновски, суверено владее со модалитетите и со скриените мајсторски тајни на нарацијата. Сето тоа создава напнат и непредвидлив роман со кој Мирческа сериозно зачекорува на македонската книжевна сцена.