Агенцијата за филм ги објави резултатите од годинешниот конкурс за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 година во втор рок на одлучување.
На овој конкурс, добитници конкретно во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество се филмовите: „Снешко“, во режија на Стојан Вуичиќ, во продукција на „Дрим фактори“, „Не се согласувам“ на Кристијан Ристевски, во продукција на „Фокус покус“, и „Роден да живее“, во режија на Кастриот Авдили, во продукција на „Дарданијa филм“.
– Овој конкурс понуди исклучителни проекти и издоминира македонскиот мнозински филм, со фокус на детскиот филм. Ова ќе придонесе најмладата публика да гледа македонски филмови од рана возраст и да ја почитува националната кинематографија – изјавија од Агенцијата за филм.