Фото: принтскрин

Украина денеска размени 86 војници со Русија – изјави висок претставник на официјален Киев

– Размената штотуку се случи, 86 војници на Украина, вклучително и 15 жени, се веќе безбедни – соопшти Кирило Тимошенко, заменик началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео-порака на Телеграм.

Тимошенко исто така рече дека размената се спровела според договорите на преговарачките групи.