Фото: Си Џипинг/официјален фејсбук профил

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на забрзано проширување на БРИКС, групата земји што ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.

-Треба да дозволиме повеќе земји да се приклучат на семејството на БРИКС за да го направиме глобалното владеење поправедно – рече Си на самитот на лидерите на БРИКС во Јоханесбург.

Кинескиот лидер оцени дека светот минува низ „големи промени“ и дека влегол во нова фаза на „турбуленции и трансформација“, пренесуваар британските медиуми.

Самитот на БРИКС се одржува во Јоханесбург, а тема на денешната седница е проширување на организацијата.

До денеска дури  22 земји поднеле официјални апликации за приклучување кон БРИКС.