Фото: Принт-скрин

Руската војска наложи прекин на огнот во областа на челичарницата Азовстал и отвори хуманитарен коридор, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Со претставниците на украинската страна е постигнат договор за евакуација на ранетите војници во здравствените установи.

-На 16 мај, како резултат на преговорите со претставници на украинскиот воен персонал блокиран на територијата на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, беше постигнат договор за евакуација на повредените – се вели во соопштението на руското Министерство.

Ранетите се префрлени во болница во Новоазовск на територијата на самопрогласената Доњецка Народна Република.