Фото: Пиксабеј

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што ноќеска го погоди регионот на Андите во Перу.

Поради потресот, околу 300 жители беа принудени да ги напуштат своите домови, кои претрпеа оштетувања.

Според сеизмолошките служби, земјотресот бил регистриран вчера во 21:24 часот по локално време. Епицентарот се наоѓал на два километри западно-југозападно од градот Сикаја, во покраината Уанкајо, на длабочина од 10 километри.

Надлежните служби се на терен и ја проценуваат материјалната штета, додека спасувачките екипи продолжуваат со активностите во погоденото подрачје.