фото: Маја Јаневска - Илиева

Владата од денеска интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, сè додека траат мерките и препораките на надлежните институции поради забраната за користење на водата од градскиот водовод.

Од Владата информираат дека од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно ја следат состојбата со водоснабдувањето во градот.

Дистрибуцијата на водата ќе ја организира Службата за општи и заеднички работи на Владата преку седум пунктови во Гостивар:

  • Водостопанство – Гостивар (ул. ЈНА бр. 139)
  • Градинка „Пролет“ (ул. Беличица бр. 47)
  • Средното економско училиште во Гостивар (ул. Живко Брајковски бр. 39)
  • ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Шар“ (ул. Браќа Ѓиноски бр. 165)
  • АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница), ул. Илинденска
  • Општата болница „Ферид Мурад“ (паркинг, ул. Чеде Филиповски бр. 29)
  • Територијалната противпожарна единица (ул. Беличица бр. 35)

Од Владата нагласуваат дека паралелно продолжуваат сите контроли, лабораториски анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за загадувањето на водата.

 – Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој кај кого ќе биде утврдена одговорност ќе одговара согласно закон – порачуваат од Владата.

Воедно, апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките на здравствените власти и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали.

Како што посочуваат, заштитата на здравјето на граѓаните останува врвен приоритет, а Владата ќе продолжи да обезбедува поддршка сè до целосно нормализирање на состојбата.