Saudi Arabia SAD
Фото: ЕПА

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди нареди итно свикување на Министерскиот совет за национална безбедност, откако во текот на ноќта Саудиска Арабија и САД извршија воздушни напади врз групи поврзани со Иран во источен Ирак, пренесе „Турција денес“

Како што соопшти Безбедносната медиумска ќелија, Заиди, кој воедно е и врховен командант на ирачките вооружени сили, побарал Советот веднаш да се состане поради, како што е наведено, „безбедносните случувања и воздушното бомбардирање на кое земјата беше изложена во зори“.

Во соопштението се наведува дека по завршувањето на седницата ќе биде објавен детален извештај со информации за текот на состанокот и за донесените одлуки.

Воздушните напади следуваат по ескалацијата на тензиите во регионот, откако Саудиска Арабија и американската Централна команда (CENTCOM) соопштија дека извршиле координирани операции против ирачки милиции поврзани со иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).