Фото: Влада

Земјите на ЕУ и нивните соседи од Британија до Турција се состанаа денеска во Прага за да разговараат за заедничките проблеми поврзани со безбедноста и енергијата – последиците од руската инвазија на Украина, на првиот и симболичен самит на новата политичка платформа, клуб од 44 европски земји, но без Русија.

Собирот во Прага е инаугуративен самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), формат дизајниран од францускиот претседател Емануел Макрон кој обединува 27 земји од ЕУ и 17 други земји од Европа.

Некои од нив се кандидати или потенцијални кандидати за ЕУ, додека Британија е земја која го напушти блокот.

– Сите собрани овде знаат: рускиот напад врз Украина е брутално нарушување на мирот и безбедносниот поредок што го имавме во Европа во последните децении. Не прифаќаме дека дел од соседната земја е анкетиран рече германскиот канцелар Олаф Шолц.

Неговата изјава е слична на онаа на белгискиот премиер Александар Де Кро, како и на првиот дипломат на ЕУ Жозеп Борел.

– Ова е скап начин да се бара нов поредок без Русија. Ова не значи дека сакаме да ја исклучиме Русија засекогаш, но за оваа Русија на претседателот Владимир Путин нема место – рече Борел.

На состанокот е и британската премиерка Лиз Трус, чија одлука да учествува на самитот на ЕПЦ даде одредена надеж за подобрување на односите меѓу Британија и ЕУ по Брегзит, бидејќи двете страни сè уште се во несогласување околу трговските прашања околу Северна Ирска.

Собирот во Прага оние кои го поддржуваат го опишуваат како голем приказ на солидарност на континентот соочен со неколку кризи.

Но, безразлика на убавите зборови, другите се сомневаат во конкретните цели и постапки на ЕПС.

Летонскиот премиер Крисјанис Каринс рече дека не се очекуваат одлуки на тој симболичен собир, кој ЕУ го замисли само како „почетна размена“ на мислења.

Ден потоа, во петок, ќе има неформална средба на лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ на која ќе се разговара и за војната во Украина, енергетската криза и економската ситуација во ЕУ.

Состаноците се одржуваат во Прага бидејќи Чешка претседава со ЕУ.