Фото: З.А.

При денешната крводарителна акција што по повод годишнината ја организира РЦУК Кичево, во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина Кичево, беа собрани 33 единици на крв од сите крвни групи, од кои девет беа на вработените во Подрачното одделение.

– При десеттата крводарителна акција што ја организираме по повод годишнината на ПО РЦУК Кичево, собрани се вкупно 33 крвни единици, од кои 9 крвни единици ги подарија вработените од Подрачнотот одделение на РЦУК, додека 24 крвни единици се од хумани граѓани на Кичево.Одзивот на вработените во РЦУК секако ќе беше и поголем ако поединци кои беа расположени да подарат дел од својата драгоцена течност немаа одредени здравствени проблеми,висока гликемија,ниско железо или  беа грипозни.Карактеристично е што во десетата јубилејна крводарителна акција дел наши вработени по десети пат даруваа крв, што е за секаква пофалба – истакна раководителката на ПО РЦУК Кичево, Сузана Тасеска.

Таа нагласи дека покрај тоа што подариле крв, вработените од Подрачното одделение активно се вклучиле во организацијата за крводарителната акција како припомош на вработените во Институтот за трансфузиона медицина од Кичево.

Седумнаесетгодишнината од почетокот со работа на Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи Кичево, 5 Октомври, е одбележана со еколошка акција спроведена во дворното место на објектот каде што е лоциран РЦУК Кичево, како и со крводарителната акција.

– Денот на ПО РЦУК Кичево, 5 октомври, ние вработените во Подрачното одделение го одбележавме со еколошка акција во која учествуваа сите вработени. Покрај што зедоа активно учество во оваа еколошка акција, врабЕФоеотените ги обезбедија и материјалните средства за спроведување на истата. Покрај дворното место, во денешната акција вработените се организираа и ги исчистија и просториите во кои секојдневно работат и престојуваат – истакна Тасеска. З.А.

Фото: З.А.