фото: Фејсбук-страница на Ева Каили

Белгиските медиуми прецизираат дека во текот на истрагата за корупција и лобирање во корист на Катар биле откриени повеќе од 1,5 милиони евра во кеш. Некои од сноповите евра пронајдени во домот на Каили и во куферот на нејзиниот татко биле повлечени од банка во Белгија. Се очекува тие индиции да придонесат за забрзување на истрагата оттаму што ќе помогнат во утврдувањето кој ги повлекол средствата и од која сметка.

Европарламентот претходно оваа недела ја суспендираше Каили од функцијата.  Претседателката на ЕП, Роберта Мецола, по случајот истакна дека Европа не е на продажба и се заложи виновните во целост да одговараат за своите постапки.