НАТО го засилува своето источно крило
НАТО oбјави напредок во зајакнувањето на своето источно крило, при што четирите нови борбени групи во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија го достигнаа своето прво ниво на борбена готовност, соопшти новинската агенција ДПА, повикувајќи се на портпаролот на Северноатлантската алијанса.
Првично, НАТО не ги соопшти точниот состав и број на борбени групи што ќе бидат распоредени на источното крило. Според последните информации на ДПА, во Словачка веќе има 2.100 војници од земји како Германија, Холандија, Чешка и САД. Осумстотини војници од Хрватска се стационирани во Унгарија, 900 од САД во Бугарија и 3.300 од Франција, Белгија, Италија и САД во Романија. Новите борбени групи се поставени за дополнително зајакнување на одбранбените способности во условите на руска инвазија на Украина.