Сите 13 ранети во оружениот напад кај Младеновац се во животна опасност, бидејќи кај таквите прострелни рани никогаш не можете да бидете сигурни што е оштетено, изјави српската министерска за здравство Даница Грујичиќ, пренесува „Н1“.

Таа истакна дека меѓу повредените, оперирани се 47-годишен маж кој е во стабилна состојба и 17-годишно девојче со две прострелни повреди и големо оштетување на внатрешните органи. Девојчето има заглавен куршум во левото око и ја очекува уште една хируршка интервенција. Министерката додаде оти на друга 16-годишна девојка, отстранети и се бубрег, дванаестопалачно црево и дел од дебелото црево, нагласувајќи дека операцијата била херојска.

Осомничениот за масовното убиство кај Младеновац, дваесет и едногодишниот У.Б. бил уапсен во местото Грошница, обидувајќи се да побегне во Крагуевац, јави дописникот на МИА од Белград. Тој застрелал осум лица, а ранил 14, од кои две се во критична состојба.