Фото: Веб-страна на Косовска полиција

Синоќа нешто пред полноќ во северниот дел на Косовска Митровица е фрлена бомба во близина на еден од рестораните, на раскрсницата кај Техничкиот факултет. Две ица се повредени, а екипи на косовската полиција се на терен, јавува „КоССев“.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за радио „Контакт плус“ изјави дека експлозивната направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на мотелот „Бишевац“.

– Во експлозијата се повредени две лица, од кои едно потешко, но се надвор од животна опасност. Оштетени се и седум автомобили – изјави Ељшани.

Тој изјави дека полициски екипи се на терен и дека повеќе детали ќе се знаат подоцна. На местото на настанот присутни се и патролите на КФОР.