Фото: принтскрин

Во основното училиште „Јефимија“ во Обреновац, момчето М. Д., утринава по едноминутното молчење поради вчерашната трагедија и убиството на осумте ученици и чуварот во ОУ во Белград, извадил пиштол и почнал да мавта со него во воздух симулирајќи ја трагедијата од претходниот ден.

Настанот бил снимен од сооученик и објавено на социјалните мрежи.

Станува збор за пластичен пиштол. Веднаш било пријавено во полиција и во социјалните служби, пренесуваат српските медиуми. Видеото е избришано од Тик-Ток.

Полицијата го уапсила таткото на малолетниот ученик, а со него во полиција отишол и неговиот син, пишува Телеграф.