Фото: Макфакс / Архива

Утре на свечена церемонија во Бугарија ќе му биде врачено бугарско државјанство на Христијан Пендиков.

Документите ќе му ги врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.

Според најавата, церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија, која важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одликувања.

Како што информираат од кабинетот на Јотова, церемонијата ќе се одржи во 14.30 часот.

Пендиков беше претепан во Охрид. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети” во Охрид.