Фото: Пиксабеј

Бугарските пратениците одобрија купување осум нови борбени авиони Ф-16 од САД. Одлуката е усвоена со 162 гласа „за“ и 49 против. Воздржани беа 11 пратеници.

„За“ гласаа ГЕРБ-СДС, Продолжуваме на промената, ДПС, Демократска Бугарија и Бугарски подем. Против гласаа пратениците на БСП и Преродба.

Со донесувањето на одлуката, народните избраници му дозволуваат на Министерскиот совет да подготви договори за трансакцијата.

Вкупната сума е 1.296.412.185 долари.