ШАХ

Шаховскиот клуб на ветерани Скопје 72 го победи соодветниот тим на Прилеп (за играчи над 65 години) со вкупно 8,5-3,5 поени, во Прилеп, двокружно, со темпото на игра од 50 минути со дополнителни 10 секунди по секој потег, а се играше на шест табли.
– Заслужена победа на ШКВ Скопје 72. Прилепчани не настапија во најсилниот состав, недостигаа ФМ Славе Трајкоски и Благоја Димески, а две партии добивме и службено. Сепак, целта ја постигнавме, покрај дружењето инициравме идеја во Прилеп во иднина да се организира турнир на ветерани со учество на четири екипи – ни изјави капитенот на скопјани Илија Стошевски.
Резултати, прв меч: Љупчо Велески – ФМ Александар Кралевски 1-0, Симон Лазески – Илија Стошевски реми, Ѓорѓи Проданоски – Илија Тодоровски 0-1, Стефан Присаѓанец – ФМ Љубомир Хаџи-Манев 0-1, Миле Присаѓанец – Миле Трајковски 0-1, Христо Михајлов – Душко Сурловски 1-0. Резултати, втор меч: Велески – Кралевски 0-1, Стошевски и Тодоровски службено ги добија поените, С. Присаѓанец – Трајковски 1-0, М. Присаѓанец – Атанас Ташевски 0-1, Михајлов – Томислав Голубовиќ 0-1. Г.И.