Фото: ЕПА

АТЛЕТИКА

Кениската атлетичарка Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратонска трка само за жени, завршувајќи ја трката на 42 километри и 195 метри во Лондон со време од два часа, 16 минути и 16 секунди, пишува „Би-би-си“.
Второто место на трката во главниот град на Велика Британија, на еден од најмасовните маратони во светот, го освои светската рекордерка Тигст Асефи од Етиопија (2:11,53 часа), а трета низ целта помина Џојслин Јепкосгеи од Кенија.
И второпласираните и третопласираните ја завршија трката за помалку од два часа и 17 минути, со што патеката ја истрчаа побрзо од претходниот светски рекорд во маратон само за жени, поставен од Кенијката Мери Кејтани со време од два часа, 17 минути и една секунда, исто така, поставен во Лондон, во 2017 година.
Кениецот Александар Мутисо Мунјао победи во машката трка со време од 2:04,01 часа. Г.И.