Драги деца, со цел да ја поттикнеме вашата креативност, ве повикуваме на соработка.
Повикот е упатен до сите литературни и новинарски секции во основните училишта во нашата земја, а еве што треба да направите.
До 20 мај испратете ни кратки текстови, најмногу триесетина реда, со фотографија, за талентите од вашето училиште. Веруваме дека за вас тоа ќе биде лесно, бидејќи сигурни сме дека надарени ученици, но и училишни екипи има многу. Ова наедно ќе биде можност сите тие млади таленти и нивните успеси да ги промовираме на страниците на „Колибри“.
Секако, сите текстови ќе ги објавиме, а најдобрите три ќе ги наградиме со книги и со благодарници за учениците и за нивните ментори.
Творбите и фотографиите испраќајте ги електронски, на нашата адреса:
[email protected].
Ве очекуваме во голем број!
Секогаш на страната на младите таленти, ве сака вашето „Колибри“!