БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА ВЕТЕРАНИ ВО ТИРАНА

Во Тирана (Албанија) викендов се одржа првото Балканско првенство во џудо за ветерани/ки, на кое учествуваа Македонија, БиХ, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија, Косово и Албанија, со околу сто натпреварувачи. Македонската репрезентација имаше успешен настап, освојувајќи вкупно осум медали, од кои по три златни и сребрени и два бронзени. Две први места освои Мартин Ристески, во категоријата М5 (над 100 кг) и во апсолутна категорија (над 100 кг). Со два медала се закити и Маке Спиркоски, кој во категоријата М9 (до 81 кг) беше прв, а во опен-категоријата (до 81 кг) го освои второто место. Киро Здравески, кој наедно беше и селектор и натпреварувач, го освои второто место во категоријата М9 (до 66 кг). Сребро освои и Марјан Димески во категоријата М7 (до 100 кг), а на третото место се пласираа Сашо Димовски во категоријата М5 (до 73 кг) и Ѓорѓи Хубрев во категоријата М5 (до 100 кг). Селекторот Здравески, кој беше и иницијатор на џудото за ветерани, како во Македонија, така и на Балканот, изрази задоволство од настапот на сите македонски џудисти и од освоените пласмани. Македонски преставник во судиската организација на ова натпреварување беше интернационалниот судија Томе Јосифоски.  Г.И.