Одермат е прв во генерален пласман, велеслалом и во супервелеслалом, го собори рекордот на Маер со 2.042 поени и со Стенмарк, Хиршер и со Маер е единствен што победил 13 пати во една сезона

Марко Одермат ја оствари најдобрата сезона на еден скијач во Светскиот куп во алпско скијање за мажи. Швајцарскиот скијач ретко не беше на највисокото скалило на подиумот сезонава и не сакаше да ја промени навиката во неговата последна трка, машкиот велеслалом во финалето на Светскиот куп во Солдеу. Водејќи по првото возење, Одермат направи беспрекорно второ возење и да заврши со предност од 2,11 секунди пред Хенрик Кристоферсен, а Марко Шварц е на третото место.
Неверојатно, ова беше седма победа на Одермат во велеслалом во 10-те трки, но уште поважно е тоа што го зголеми вкупниот број на поени во сезоната на 2.042 поени. Во почетокот на векот, големиот Херман Маер стана првиот скијач што достигнал 2.000 поени во Светскиот куп. Тоа беше рекорд за кој многумина мислеа дека никогаш нема да биде соборен, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС).
Статистиката не ја кажува целата приказна, но помага: Одермат имаше 25 трки, девет пат се пласира на подиумот и 12 победи пред триумфот во саботата. Со тоа Одермат знаеше дека му е потребен пласман меѓу првите тројца во неговата последна трка сезонава за да го надмине рекордот на Маер.
Таа 13-та победа имаше уште поголемо значење, го стави Швајцарецот во друштво со легендарното трио Ингемар Стенмарк, Марсел Хиршер и Маер како единствените скијачи што некогаш победиле 13 пати во една сезона. Најслабиот пласман на Одермат во претходните 16 трки во велеслалом е трето место. Сезонава тој го освои големиот кристален глобус за триумф во генерален пласман, малите глобуси во велеслалом и во супервелеслалом и го собори рекордот на Маер.
Вчера се возеше слаломот, Норвежанецот Лукас Браатен водеше во пласманот за таа дисциплина, но сите четворица зад него имаа шанса да го надминат. Н.М.