Нови бодови за фаворитите

КУГЛАЊЕ – ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Најголемите фаворити за титулата, Макпетрол А и Вардар А, забележаа нови победи во шестото првенствено коло на Македонската кугларска лига, со тоа што екипите на Вaрдар А, ГТЦ Мусандра (м) и ГТЦ Мусандра (ж) имаат одиграно еден меч повеќе во однос на преостанатите шест клуба. Најдобри три поединечни резултати на колото кај мажите постигнаа Дарко Марковиќ (Макпетрол А, 578 соборени кегли), Никола Андоновски (Пелистер А, 572) и Пецо Димовски (Вардар А, 566), а кај жените Билјана Гаврилова (540), Драгана Гаврилова (509), Милена Петреска (459), сите од ГТЦ Мусандра (ж).
Макпетрол лани ги освои титулата и домашниот куп. Во женска конкуренција, титулата ја брани Пелистер пин. Првенството се игра двокружно (есенски и пролетен дел), во вкупно 18 кола. Се игра во дисциплината шест пати по 120 фрлања.
Резултати 6. коло: Пелистер А – Вардар А 3-5, ГТЦ Мусандра – Макпетрол Б 5-3, Пелистер Б – Макпетрол А 0-8, Вардар Б – ГТЦ Мусандра (ж) 7-1. Екипата на Пелистер Пин (ж) беше слободна. Табела: Макпетрол А (м) 10 бода, Вардар А (м) 10, ГТЦ Мусандра (м) 8, Пелистер А (м) 6, Вардар Б (м) 6, Макпетрол Б (м) 4, Пелистер Б (м) 2, Пелистер пин (ж) 2, ГТЦ Мусандра (ж) 0. Г.И.