КУГЛАЊЕ – ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Второто место му припадна на Вардар, а третото на првата екипа на битолски Пелистер со 24 бода. Во женска конкуренција титулата ја освои Пелистер пин

Убедливо, со 16 победи од исто толку натпревари и освоени 32 бода, односно 114 поединечни поени, а изгубени само 14, кугларите на Макпетрол ја освоија рекордната 22. титула екипен првак на Македонија. Во последниот натпревар викендов во куларницата „Мусандра“, Макпетрол ја совлада женската екипа на ГТЦ Мусандра со 8-0, односно 3.321-2.744 во соборени кегли (во лигата има и две женски екипи, кои се натпреваруваат заедно со мажите, но пласманот им се смета одвоено). Второто место му припадна на Вардар со 25 бода (12 победи, едно реми, три порази), а третото на првата екипа на битолски Пелистер со 24 бода (12 победи и четири порази).
Веќе в сабота во кугларницата „Мусандра“, Макпетрол ќе има можност да триумфира и во Купот на Македонија, а доколку успее, тоа ќе биде негов вкупно 12-ти куп-трофеј. Во женска конкуренција, титулата ја освои екипата на Пелистер пин од Битола (три победи, 13 порази), пред ГТЦ Мусандра.
Макпетрол е формиран во 1977 година, а на меѓународен план најзначајно постигнување му е освоеното второ место во Купот на НБЦ во 2013 година. Клубот е препознатлив и по организацијата на традиционалниот меѓународен турнир „Гаврило Гаврилски“, на кој досега учествувале повеќе елитни клубови и врвни светски куглари.
Табела за 2023 година: Макпетрол 32 бода, Вардар 25, Пелистер (А) 24, ГТЦ Мусандра 21, Макпетрол (Б) 17, Вардар (Б) 13, Пелистер пин (жени) 6, Пелистер (Б) мажи 6, ГТЦ Мусандра (жени) 0. Г.И.