Драги деца, преку оваа рубрика ќе се вратиме во минатото, од 6 јули 1958 година, кога за првпат во „Нова Македонија“ се појави „Колибри“, па сѐ досега, за да видите како растеше, се збогатуваше и се менуваше нашиот додаток за деца. Денеска ќе можете да прочитате песничка за штркот што како ученик пред цели 65 години ни ја испратил Васил Мукаетов, познатиот писател за деца. Ќе видите што цртале младите таленти и како некогаш се одбележувале априлијадите.